Нов негативен рекорд во Германија- речиси 30.000 новозаболени од коронавирус во еден ден

пред 3 години

Продолжува зголемувањето на бројот на заболени од коронавирус во Германија, а институтот „Роберт Кох“ денеска соопшти нови, алармантни податоци за бројот на новозаболени – 29.875, што е најголем број на заразени во еден ден од почетокот на пандемијата, јавуваат британските медиуми.

Во споредба со четвртокот наутро „Роберт Кох“ соопшти дека има 23.679 новоинфицирани лица, што значи дека денеска оваа бројка е зголемена за 6.106, додека 598 пациенти умреле од Ковид-19 во последните 24 часа.

Вкупниот број на лица заразени со коронавирус во Германија сега изнесува 1.272.078, додека умреа 20.970 лица, покажуваат податоците на институтот „Роберт Кох“.

Scroll to Top