Нов силен земјотрес го погоди Петриња

пред 3 години

Нов силен земјотрес попладнево го погоди регионот на Петриња. Според првичните информации јачината му била 5.3 стрпени по Рихтер, но нешто подоцна дојде информацијата дека силата била 5.0 степени.

Земјотресот траел десетина секунди, а бил почувствуван и во Загреб и во Вараждин. Земјотресот бил почувствуван и на територијата на Босна и Херцеговина.

Ова е најнов во серијата земјотреси кои го зафатија подрачјето на Петриња. Во најсилниот кој беше со јачина од 6.3 степени по Рихтер живтотите ги загубија седум лица, а беше предизвикана и голема материјална штета.

Scroll to Top