Нуклеарната централа Кршко повторно во функција

пред 3 години

Инспекцијата на нуклеарната централа Кршко покажала дека таа не претрпела никаква штета поради земјотресот, па словенечката Управа за нуклеарна безбедност одобри повторно стартување и приклучување на мрежата, објави управата на централата.

Нуклеарната централа се планира да се активира во вечерва во 22 часот, до полноќ да достигне 50 проценти, а во четврток и целиот капацитет.

Администрацијата ги предупреди жителите во околината дека ќе има повремена бучава поради ослободување на пареа, што е честа појава.

Нуклеарната централа автоматски беше затворена по земјотресот во кој вчера се случи кај хрватскиот град Петриња, што се почувствува и во соседните земји, вклучувајќи ја и Словенија.

Scroll to Top