Обвинетите Тачи, Красниќи, Сељими и Весели се во хашкиот притвор

пред 4 години

Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека во средата и вчера се уапсени Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи, кои од синоќа се пренесени во притвор на Специјализираните комори за Косово во судот во Хаг.

Поранешните високи припадници на ОВК вчера попладне, доброволно, со авион допатуваа во седиштето на судот во Хаг.

Во соопштението на Обвинителството се наведува дека судијата на претходна постапка на специјализираните совети на Косово на 26 октомври ги потврдил обвиненијата против сите четворица актуелни или поранешни косовски функционери, а поранешни членови на ОВК.

Во него се додава дека во согласност со Правилникот за постапување и доказите пред Специјализираните совети на Косово, во тој момент не било обелоденето обвинението, но дека сега се објавени сменетата верзија и налогот за апсење.

Информациите за датумот и времето на првото појавување на Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи пред судијата на претходна постапка ќе бидат објавени многу брзо.

Тачи вчера поднесе оставка од функцијата претседател на Косово.

Scroll to Top