Од Грција за Франција заминаа 169 баратели на азил

пред 4 години

Од Грција за Франција денеска заминаа 169 баратели на азил, по донесената одлука на почетокот на годинава на средбата на надлежните министри од двете земји и изразената намера од француска страна да прими вкупно 400 бегалци, јави дописничката на МИА од Атина. Атина, 22 септември 2020 (МИА) – Од Грција за Франција денеска заминаа 169 баратели на азил, по донесената одлука на почетокот на годинава на средбата на надлежните министри од двете земји и изразената намера од француска страна да прими вкупно 400 бегалци, јави дописничката на МИА од Атина. Алтернативниот министер за миграција и азил на Грција Јоргос Кумуцакос, како што соопштија од Министерството, рекол дека „блиската грчко – француска соработка во пракса се покажува во областа на мигрантското прашање“. ср/

Извор: mia.mk

Scroll to Top