Од Ковид-19 почина личниот лекар на папата Франциск

пред 3 години

Лекарот на папата Фрациск, Фабрицио Сокорзи, почина вчера од компликации предизвикани од коронавирусот, објави ватиканскиот весник Л’Осерваторе Романо.

Сокорзи беше личен лекар на папата од 2015 година, и имаше 78 години. Тој беше хоспитализиран во Рим на 26 декември на онкологија, објави весникот „Авенир“, што ги следи настаните во Ватикан.

Не е познато кога Сокорзи бил во близок контакт со папата за последен пат.

Во интервју за италијанскиот Канал 5, папата рече дека вакцинирањето во Ватикан ќе започне следната недела и дека тој ќе ја прими вакцината.

Scroll to Top