Од подметната бомба загинаа четворица цивили во југо-источен Авганистан

пред 3 години

Најмалку четворица цивили загинаа во експлозија на подметната крајпатна бомба во авганистанската провинција Газни, соопштија денеска локалните власти, пренесе ДПА.

-Други двајца цивили се ранети кога нивното возило ја нагазило бомбата додека се движеле низ главниот град на провинцијата, изјави портпаролот на гувернерот Вахидула Џумазада.

Локалните власти за експлозијата ги обвинија талибанските милитанти, но засега ниту една група не презеде одговорноста за нападот, пренесе ДПА.

Подметнатите бомби се оружје што талибанците често пати го избираат за напади врз владините безбедносни сили, но, меѓутоа, ваквите напади многу често резултираат во цивилни жртви, наведува германската агенција.

Во првите три месеци од оваа година во конфликтот во Авганистан се регистрирани 573 цивили жртви и уште 1.210 ранети, што е зголемување за 29 проценти во споредба со истиот период од 2020 година, наведува Мисијата за помош на ОН за Авганистан.

Scroll to Top