Од почетокот на учебната година во Бугарија, повеќе од 100 ученици и деца заразени со Ковид-19

пред 4 години

Бројот на новозаболени со коронавирус во Бугарија е зголемен во претходните 24 часа за 276 на вкупно 20.547.

Во текот на денот тестирани се 4.736 лица, јави БТА.

Во болниците има 814 пациенти, а 44 се на одделенијата за интензивна нега.

Вкупниот број на смртни случаи од коронавирус е 813.

Од почетокот на учебната година во Бугарија, 110 ученици и деца од градинки, или 0,01 процент се позитивни на коронавирус, покажаа податоците на регионалните оддели за образование, соопшти денеска Министерството за образование.

74 наставници или 0,08 проценти се позитивни на Ковид-19, а уште 140 се во карантин, објави БТА.

Во карантин се вкупно 201 одделение кои преминаа на онлајн настава.

Scroll to Top