ОН: Во светот недостигаат 900.000 акушерки

пред 3 години

Светот во моментов се соочува со недостиг од 900.000 бабици и тоа е третина од потребните акушерки, се наведува во најновиот извештај на ООН.

Во извештајот се бара бабицата да биде прогласена за приоритетна професија во здравството.

Поради тој недостиг, загрозени се неколку милиони жени и новороденчиња, предупредува извештајот заеднички подготвен од Агенцијата на ООН за сексуално и репродуктивно здравје, Светската здравствена организација (СЗО) и Меѓународната конфедерација на акушерки.

„ Кризата со коронавирусот само го влоши проблемот, бидејќи здравствените потреби на жените и новороденчињата паднаа во втор план. Бабиците се распоредени во други здравствени услуги“, се вели во извештајот, во кој се собрани податоци од 194 земји.

Текстот проценува дека 4,3 милиони жени би можеле да бидат спасени секоја година доколку има доволно акушерки.

Scroll to Top