ОН: Милиони жени лишени од контрацепција за време на пандемијата

пред 3 години

Околу 12 милиони жени изгубиле пристап до контрацепција за време на пандемијата, соопшти Агенцијата за сексуално и репродуктивно здравје на ООН.

Тие предупредија дека најсиромашните и најранливите се најтешко погодени.

Фондот на Обединетите нации за населението (УНФПА), врз основа на податоците од 115 земји со низок и среден приход, утврди дека загубата на услугите за планирање на семејството за околу три месеци веројатно довела до 1,4 милиони несакана бременост.

– Ковид донесе хаос кај жените и девојчињата ширум светот. Но, најсиромашните и најранливите сега ги гледаат најлошите последици, рече извршната директорка на УНФПА, Наталија Канем.

Податоците покажуваат дека „помалку бебиња се раѓаат во побогатите земји, додека повеќе бебиња се раѓаат во земјите во развој затоа што има недостиг на пристап до контрацепциски средства“.

Според податоците на организацијата, околу 12 милиони жени веројатно немале пристап до планирање на семејството поради пандемијата.

Лошите практики се зголемија за време на пандемијата, вклучително и детските бракови, чиј број нагло порасна.

Оваа недела, УНИЦЕФ предупреди дека последиците од пандемијата на коронавирусот може да доведат до дополнителни 10 милиони детски бракови во текот на деценијата.

Scroll to Top