Опозицијата ја повика Бакингемската палата да почне истрага за расизам по интервјуто на Меган Маркл

пред 3 години

Пратеничка на Лабуристичката партија, главната опизициска партија на Велика Британија, во понеделникот изјави дека Бакингемската палата треба итно да почне истрага за наводниот расизам, на кој посочија принцот Хари и Меган Маркл во интервјуто за Опра Винфри.

За време на интервјуто Меган наведува бројни инциденти, вклучително и неименувано лице во палатата кое додека таа била трудна ѝ предочило дека во палатата биле загрижени за тоа дали нејзиното дете ќе има темна кожа имајќи предвид дека мајка ѝ е Афроамериканка, а татко ѝ белец.

Кејт Грин од британските лабуристи во понеделникот изјави за „Скај џуз“: „Aко има обвинувања за расизам, очекувам овие наводи да бидат третирани од страна на Палатата со најголема сериозност и целосно истражени“.

 

Scroll to Top