Парламентот на Чиле разгледува закон за задолжителна вакцинација против Ковид-19

пред 3 години

Собранието на Чилe разгледува закон со кој вакцинацијата против коронавирусот ќе биде задолжителна, додека централно-десничарската влада планира да го вакцинира мнозинството од населението до средината на годината.

Нацртот на новиот закон ќе го измени постојното законско решение, кое веќе пропишува задолжителна вакцинација против сипаници, голема кашлица и други заразни болести.

Задолжителна имунизација против коронавирусот предложија членови на опозициската Христијанско-демократска партија, пренесува британскиот весник.

Чиле е првата јужноамериканска земја што започна со имунизација против Ковид-19.

Сантјаго потпиша договори за снабдување со вакцини со компаниите „Астра Зенека“, „Фајзер“ и „Синовак“.

Scroll to Top