Пекинг погоден од силна песочна бура

пред 3 години

Пекинг денеска беше прекриен прашина, донесена од силните ветрови од пустината Гоби, северозападна Кина.

Според метеоролозите тоа е најсилната песочна бура во реонот во последната деценија. Песочната бура се движи кон кинеските провинции Гансу, Шанси и Хубеи.

Честичките ПМ10 во некои реони на Пекинг достигнаа до 8.000 микрограми на метар кубен, а дозволени се 50, додека честичките ПМ2 се на ниво од 300 микрограма на метар кубен, а дозволени се 35.

Поради песочната бура откажани се 428 летови од аеродромите во Пекинг.

Од силни песочни бури погодена е и соседна Монголија.

Scroll to Top