Песков: Подготвени сме за разговори со Бајден кога тој ќе биде подготвен

пред 3 години

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска пред новинарите во Москва изјави дека доколку американската администрација не е подготвена за денеска, разговорот меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џо Бајден, може да се одржи и во понеделник. Според него, Кремљ е подготвен за разговори „во кое било време што му одговара на Бајден“.

Белата куќа се уште не го прифати понудениот онлајн разговор меѓу двајцата лидери, што би се емитувал во живо.

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, изјави дека Бајден денеска е на службен пат во Џорџија, па веројатно нема да може да разговара со Путин.

Рускиот претседател вчера му предложи на својот американски колега во следните денови да одржат виртуелен разговор, што ќе се пренесува во живо, како одговор на изјавата на Бајден дека тој е убиец.

Scroll to Top