Повеќе од 25.000 луѓе евакуирани поради пожар во Калифорнија

пред 3 години

Пожарникарите сè уште се борат да го смират шумскиот пожар на падините на еден рид југоисточно од Лос Анџелес, 24 часа откако избувна во шумски кањон.

Постои сомневање дека пожарот бил предизвикан од неисправен домашен генератор.

Изгаснати се околу 10 проценти од пожарите, поради кои беа евакуирани околу 25.000 луѓе, но огнената стихија сè уште беснее на 6.400 хектари, пренесува „Ројтерс“.

Двајца од околу 500 пожарникари испратени на самото место се хоспитализирани со повреди, објави пожарникарската служба на округот Оран на „Твитер“.

Локалните жители изјавија дека пожарот избувнал кога сопствениците на куќа без електрична енергија се обиделе да го вклучат својот генератор и тој експлодирал.

Пожарникарите сè уште не ја соопштија можната причина за пожарот.

Scroll to Top