Повеќе од 30 лекари уапсени на протест во Минск

пред 3 години

Белоруската полиција денеска уапси повеќе од 30 лекари кои планираа да се приклучат на антивладините протести во Минск, соопшти групата за заштита на човекови права Вјасна.

Во соопштението се наведува дека на почетокот на митингот наречен „Марш на докторите“, како и на почетокот на женскиот марш „Цветниот демарш на правдата“, 35 лица биле однесени во полициски станици.

Полицијата на Минск потврди дека имало апсења за време на неодобрените протести и ги повика граѓаните да не учествуваат на такви митинзи.

Протестите во Белорусија започнаа по претседателските избори во август, на кои претседателот Александар Лукашенко освои повеќе од 80 проценти од гласовите и шести мандат, а за кои опозицијата смета дека се лажни.

Scroll to Top