Полска на почеток на третиот бран на епидемијата, повторно зголемување на бројот на заразени

пред 3 години

Министерството за здравство на Полска соопшти денеска дека во земјата започнува третиот бран на инфекции со коронавирус и дека од седмица во седмица има зголемување на бројот на дневните случаи.

– Ние сме на почетокот на третиот бран, тој не е толку динамичен како во Словачка или Чешка, но за жал, забележуваме раст од 20 проценти од недела во недела, а во 10 проценти од сите случаи утврдивме дека станува збор за британскиот сој, рече владиниот портпарол. Војчех Андрушјевич пред новинарите.

Полска олесни некои ограничувања, неодамна ги отвори скијачките центри, како и кина, хотели и театри со капацитет до 50 проценти, но властите предупредија дека овие мерки можеби ќе треба да се повлечат во зависност од текот на пандемијата.

Scroll to Top