Полска реагира откако Русија протера нејзин дипломат: Oваа погрешна одлука да биде поништена

пред 3 години

Полска го повикала рускиот амбасадор на консултации поради протерувањето на полскиот дипломат, кој е обвинет за учество во протестите против затворениот опозиционер Навални.

„Полската страна очекува руските власти да ја поништат оваа погрешна одлука“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Во спротивно, како што се наведува, Полска си остава можност да преземе соодветни чекори, пренесува „Ројтерс“.

Русија денеска протера тројца европски дипломати од Германија, Шведска и Полска поради учество во забранетите собири за поддршка на опозицискиот активист Алексеј Навални.

Руското Министерство за надворешни работи објави дека тројца дипломати учествувале во незаконските демонстрации на 23 јануари.

„Ваквите активности се некомпатибилни со статусот на дипломатите“, соопшти Министерството.

Овој потег, беше проследен со експресни реакции од германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон.

Scroll to Top