Помпео ќе ги посети сојузниците кои ја признаа победата на Бајден

пред 4 години

Американскиот државен секретар Мајк Помпео најави дека ќе посети седум земји, сојузници на Соединетите Американски Држави, кои му честитаа на демократскиот кандидат Џо Бајден за победата на претседателските избори, иако Доналд Трамп одбива да ја признае.

Помпео рече дека во петок ќе отпатува за Париз, а потоа ќе ги посети Истанбул, Тбилиси, Ерусалим и трите заливски сојузници – Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Катар.

Тој изјави дека ќе разговара за „историските напори на Трамп да воспостави мир и соработка на Блискиот исток“, објави „Тајмс оф Изарел“.

Scroll to Top