Поради пандемијата Бродвеј ќе биде затворен до мај 2021 година

пред 4 години

Театрите во Бродвеј ќе останат затворени до крајот на мај 2021 година поради пандемијата со новиот коронавирус. Театрите во Бродвеј се затворија на 12 март, илјадници луѓе останаа без работа, а штетата се проценува на милиони долари. – Со речиси 97.000 работници, чија егзистенција зависи од Бродвеј и годишниот приход на град Њујорк, обврзани сме повторно да отвориме откако ќе се создадат услови за тоа, изјави претседателката на здружението Бродвеј лица, Шарлот Ст. Мартин. И операта Метрополитен неодамна најави дека ќе биде затворена до септември 2021 година. Текстот Поради пандемијата Бродвеј ќе биде затворен до мај 2021 година е превземен од А1он .

Scroll to Top