Португалија со рекорден број починати за еден ден, се подготвуваат построги мерки

пред 3 години

Португалија потврди рекордни 167 смртни случаи од коронавирус и рекорден број пациенти на интензивна нега, објавија денеска здравствените власти.

Во земја со 10 милиони жители, вкупно 9.028 лица починале од почетокот на пандемијата.
Рекордни 664 пациенти со Ковид-19 се на интензивна нега. Португалија има вкупно илјада такви кревети, посочуваат здравствените власти.

Португалија, која го помина првиот бран на пандемијата со помалку заразени и смртни случаи од повеќето европски земји, речиси го удвои бројот на кревети за интензивна нега од почетокот на пандемијата кога имаше 528 и најниска стапка на инфекција на 100.000 жители во Европа.

Властите подготвуваат нови мерки затоа што жителите не се придржуваат кон воведените мерки како што е задолжителната работа од дома.

Scroll to Top