Последниот новогодишен говор на Меркел го гледале девет милиони луѓе

пред 3 години

Девет милиони луѓе вчера го гледале новогодишниот говор на германската канцеларка Ангела Меркел на телевизија.

Ова беше шеснаесеттиот и последен новогодишен говор на Меркел како канцеларка. Минатата година нејзиниот говор го гледале околу 5,1 милиони граѓани.

„Федералните избори, на кои нема да се кандидирам, ќе се одржат за девет месеци. Ова е веројатно последниот пат што ви се обраќам како канцеларка“, рече Меркел.

Германските демохристијани (ЦДУ), моментално најпопуларната партија во Германија, сè уште немаат избрано кандидат за наследник на Меркел.

Scroll to Top