Почна вакцинирањето во домовите за стари лица низ САД

пред 3 години

Третиот ден од масовната вакцинација во САД, првите дози на вакцината против коронавирусот пристигнаа во старските домови низ земјата. Во установите за грижа за стари лица во земјата досега починаа 110.000 луѓе.

Американските медиуми јавуваат дека прво се вакцинирани околу 2.000 корисници на домовите за стари лица во Западна Вирџинија, а во тек е и вакцинацијата на штитениците на Флорида.

-Се надевам дека вакцината ќе ми помогне да не добијам коронавирус, вели пензионираната учителка Вера Леип (88) од дом за стари лица во близина на Форт Лодердејл.

Во следните неколку дена во домовите за стари лица низ САД ќе бидат вакцинирани стотици илјади повозрасни Американци.

Scroll to Top