Почна кампањата за вакцинација во САД, операцијата означена како „Денот Д“

пред 3 години

Дистрибуцијата на вакцини во САД, кои приоритетните групи треба да ги добиваат од денеска е една од најкомплицираните логистички мисии во историјата на САД, која американските власти ја споредуваат со Денот Д, како почеток на крајот на пандемијата што ја наруши економијата и секојдневниот живот, оценуваат западни медиуми.

Авиони и камиони викендов почнаа да ги транспортираат првите одобрени вакцини за новиот коронавирус низ САД, така што скоро три милиони дози ќе стигнат до болниците во сите 50 федерални држави, пишува Фајненшл тајмс.

Прво ќе бидат распределени 2,9 милиони дози, додека други 2,9 милиони ќе бидат испратени за втора вакцинација по три недели. Уште 500.000 дози се чуваат во резерва за итни случаи. Американците ќе почнат да примаат вакцини од денеска.

Според Универзитетот Џонс Хопкинс, во САД во саботата се регистрирани 3.309 смртни случаи поврзани со Ковид-19, што е најголем број на смртни случаи за еден ден насекаде во светот. Бројот на смртни случаи од коронавирус во САД одеднаш почна да расте во ноември.

Scroll to Top