По несреќата во Колорадо, приземјени 128 авиони Боинг 777

пред 3 години

Приземјени се околу 128 авиони Боинг 777, кои го користат моторот „Прет енд Витни“ (Pratt & Whitney), истиот како на авионот што не успеа да полета од Денвер, изјави денеска портпаролот на гигантскиот американски производител на авиони.

Компанијата вчера препорача сите авиони што користат такви мотори да бидат приземјени додека американските регулатори го испитаат авионот на Јунајтед ерлајнс, кој беше принуден да се врати на аеродромот во Денвер, откако еден од неговите мотори се запали и се урна.

Покрај авионите на Јунајтед ерлајнс, моторот „Прет енд Витни“ го користат и авиони на јапонските компании АНА и ЈАЛ, како и јужнокорејската авиокомпанија Азијана ерлајн.

Scroll to Top