Преговорите меѓу ЕУ и Велика Британија се во клучна фаза

пред 3 години

Главниот преговарач на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние, вели дека разговорите со Велика Британија за трговскиот договор по Брегзит се наоѓаат на клучната точка.

„Во овој клучен момент од преговорите, продолжуваме напорно да работиме со Дејвид Фрост и неговиот тим“, напиша Барние на Твитер.

ЕУ останува посветена на чесен, реципрочен и избалансиран договор, напиша Барние, истакнувајќи дека ЕУ го почитува суверенитетот на Велика Британија и истото го очекува од другата страна.

“И ЕУ и Велика Британија мора да имаат право да воспостават свои закони и да ги контролираат своите води. И едните и другите треба да бидеме во можност да дејствуваме кога станува збор за нашите интереси”, додаде тој.

Scroll to Top