Предноста на Трамп во Пенсилванија се намалува

пред 4 години

Предноста на американскиот претседател Доналд Трамп пред кандидатот на демократите за претседател Џо Бајден во Пенсилванија се намалува, покажуваат најновите резултати.

Врз основа на преброени 90 проценти од гласовите, предноста на Трамп во таа сојузна држава, што е една од клучните за победа на еден од кандидатите, сега изнесува 164.414 гласови, додека тој водеше со 379.639 гласа синоќа.

Пенсилванија, која носи 20 електорски гласови, е една од државите во кои Трамп најави дека ќе побара од судот да го прекине пребројувањето на гласовите. Во Пенсилванија, демократите победуваа шест години по ред, пред Трамп да победи во 2016 година.

Scroll to Top