Преку 400 луѓе во Белгија лани го смениле полот

пред 3 години

Од Институтот за родова еднаквост на Белгија соопштија дека во текот на изминатата година, 414 лица во земјата го смениле полот.

Од 2018 година во Белгија е олеснета процедурата за промена на родовиот идентитет, меѓу другото преку укинување на обврската за медицински и психолошки консултации кои беа задолжителни пред законот за трансродовост.

Откако законот е во сила, бројот на луѓе кои се одлучуваат за промена на нивниот пол, проследено со промена на личните документи, е стабилен меѓу 400 и 500 лица, освен првата година, кога изнесувал над 700.

Уставниот суд на Белгија смета дека законот за трансродовите лица се уште не е доволно инклузивен кон лица кои се сметаат за родово флуидни или небинарни.

Scroll to Top