Пробиена страницата на Кипарскиот парламент, властите обвинија „турски хакери“ за нападот

пред 3 години

Интернет-страницата на Претставничкиот дом на Кипар беше предмет на кибер напад на 5 април, а властите за тоа ја обвинуваат Турција, објави прес-службата на парламентот.

Таквото тврдење се заснова на анализа на податоците спроведени од Канцеларијата за дигитална безбедност, се посочува во соопштението.

Претставничкиот дом истакна дека како резултат на оваа анализа, институцијата дошла до заклучок дека нападот врз страницата бил преземен „од повеќе адреси поврзани со турска хакерска група“.

Исто така, се тврди дека, благодарение на брзата реакција во однос на заканата, кипарските власти успеале да ги избегнат негативните последици од овој кибер напад.

Како мерка на претпазливост, преземени се дополнителни чекори за спротивставување на новите хакерски напади.

Scroll to Top