Протести во Индија откако почина 19-годишна девојка силувана од четворица мажи

пред 4 години

Стотици демонстранти денеска се собраа во близина на индискиот Парламент во Њу Делхи барајќи распуштање на Владата на сојузната држава Утар Прадеш, каде почина 19-годишна девојка која беше силувана од четворица мажи.

Демонстрантите, предводени од Индиската народна партија, ја обвинуваат Владата на Утар Прадеш дека се обидела да го сокрие злосторството.

Владата на државата не дозволува никој да се сретне со семејството на починатата девојка, додека нејзиното село го чува од полицијата.

Индиските телевизии емитуваше снимка на која се гледа како голем број полицајци им забрануваат на новинарите да влезат во селото. Полицијата тврди дека на новинарите ќе им биде дозволен влез во селото откако ќе заврши истрагата.

Лидерите на опозициската Конгресна партија, Рахул Ганди и неговата сестра Пријанка Ганци вчера беа приведени откако се обидоа да влезат во селото од каде потекнува починатата девојка.

Индијката од редот Далита, најниската каста во Индија, почина откако ја силуваа четворица мажи од повисоките општествени слоеви. Групното силување се случи во средината на септември во село во Утар Прадеш, а девојката почина во една болница во Њу Делхи. Сторителите се уапсени.

Во Индија живеат околу 200 милиони Далити и секојдневно се жртви на дискриминација поради древниот индиски кастински систем, иако денес постојат закони што ги штитат нивните права.

Scroll to Top