Протести против климатските промени во Германија

пред 4 години

Активисти од организации за заштита на животната средина во Германија се собраа пред министерството за сообраќај во Берлин, барајќи веднаш да се прекинат сите проекти за изградба на аеродроми, автопатишта и магистрални патишта во земјата.

Демонстрантите се собраа пред министерството со транспаренти со натпис „ Стоп за уништувањето на нашите елементарни ресурси“ и бараат да се прекине со сечата на дел од шумата Даненројдер, која започнала минатата недела, со цел пробивање на траса за изградба на нов автопат, пренесе Ројтерс.

Scroll to Top