Путин: Ќе се вакцинирам

пред 3 години

Рускиот претседател, Владимир Путин, на годишната прес-конференција рече дека ефикасноста на руската вакцина Спутник V против ковид-19 е 97 проценти. Тој, исто така, кажа дека ќе се вакцинира и изјави дека Русија е првата земја во светот што започнала да произведува вакцина против коронавирусот.

„Имаме добра вакцина, безбедна и ефикасна – 95 и повеќе проценти, а експертите велат дека нивото на нејзина заштита достигнува 96-97 проценти“, рече Путин на годишната прес-конференција.

Тој изјави дека е убеден дека масовната вакцинација е неопходна бидејќи, како што рече, само така се создава имунитет на стадото.

Путин рече дека досега не се вакцинирал, бидејќи вакцината сè уште не е одобрена за граѓани на негова возраст. Но, како што рече, дефинитивно ќе го стори  тоа штом стане можно.

Тој оцени дека рускиот здравствен систем се покажал како поефикасен во борбата против вирусот отколку другите земји.

Scroll to Top