Разговорите за нормализација на Мароко и Израел почнале уште во 2018 година

пред 3 години

Шефот на мароканската дипломатија, Насер Бурита, обелодени во интервју за израелскиот канал i24 News детали за мировниот договор меѓу неговата земја и Израел, пренесува „Мидл Ист монитор“.

Бурита изјави дека разговорите за нормализација со Израел започнале во 2018 година и дека клучниот играч за поддршка на овој процес бил кралот Мохамед Шести.

„ Кралот имаше верба во процесот и се погрижи тој да биде стабилен во начинот на кој се чувствуваше најудобно. По обемна работа, резултатот беше позитивен и ги исполни очекувањата и беше во согласност со визијата на Мохамед Шести,“додаде Бурита.

Мароканскиот министер продолжи:

„ Од 2018 година наваму имаше многу контакти, според упатствата на Неговото Височество. Неговото височество разговараше со американскиот претседател и испрати делегации во САД не само за да се сретне со американски претставници, туку и со Израелците “.

Бурита истакна дека односите со Израел не се косат со поддршката и застапувањето на Мароко за палестинската кауза, истовремено поздравувајќи го американското признавањето на суверенитетот на Мароко над Западна Сахара и поддршката на Вашингтон за позицијата на Рабат по ова прашање.

„ Одбраната на палестинската кауза не е во спротивност со нормализирање на односите со Израел. Мароко ја докажа својата ефикасна улога по ова прашање низ историјата, и ова не е прв пат Мароко да објавува односи со Израел зашто, како секогаш, овие односи да служат на соработката и мирот во регионот “.

Scroll to Top