Рекорден број на новозаразени во Украина

пред 3 години

Украина регистрира рекордни 15.331 нов случај на Ковид-19 во изминатите 24 часа, соопшти денеска министерот за здравство Максим Степанов.

Претходно, најголемиот број новозаразени беше потврден на 21 ноември кога изнесуваше 14.580.

Степанов рече дека од почетокот на пандемијата, во Украина се потврдени вкупно 677.189 случаи на коронавирус и оти починале 11.717 лица.

Scroll to Top