Рохани: Треба сто пати да го проколнеме Трамп

пред 3 години

Иранскиот претседател Хасан Рохани ги кометираше американските санкции во однос на набавката на лекови.

Американските санкции му ја отежнува работата на Иран да набави лекови и здравствени залихи од странство, вклучително и вакцини против коронавирус, кои се неопходни за спречување на пандемијата на Блискиот исток.

„ Нашите луѓе би требало да знаат дека за каква било акција која ја планираме за да увеземе лекови, вакцини и опрема, треба сто пати да го проколнеме Трамо“ изјавил Рохани, наведува иранската агенција ИРНА.

Тој додал дека дури станало исклучително тешко да се изведе едноставна трансакција за набавка на лекови од други земји, нагласувајќи дека ќе бидат потребни повеќе недели за пренос на срадства.

Администрацијата на Доналд Трамп му воведе санкции на банкарскиот сектор на Иран, како и на нафтената и гасната индустрија на оваа земја, откако САД еднострано се повлекоа од нуклеарниот договор со Иран во 2018 година.

Scroll to Top