Руди Џулијани: Не бидете смешни, медиумите не го одредуваат резултатот на изборите

пред 3 години

Исходот од изборите во САД во случај на несогласување меѓу кандидатите го одредува суд, а не телевизиските компании или други медиуми што вршат неофицијално пребројување на гласовите, изјави адвокатот на претседателот Трамп, Руди Џулијани.

На прес-конференција во Филаделфија, Џулијани категорично ги отфри пребројувањата и предвидувањата на голем број водечки американски медиуми, кои објавија дека кандидатот на демократите Џо Бајден го добил потребниот број гласови за победа на претседателските избори од 3 ноември.

– Исходот од изборите не го решаваат медиумите. Кој го даде предвидувањето во прилог на Џо Бајден? Сите тие? О, Боже! Сите ТВ компании! Треба да го заборавиме законот! Судот не е важен!, рече саркастично Џулијани.

– Не бидете смешни! ТВ-компаниите не го одредуваат резултатот од изборите. Тоа го прави судот, нагласи адвокатот на Трамп.

Scroll to Top