Русија со рекордни 13.600 новозаразени во еден ден

пред 4 години

Во Русија во последните 24 часа е регистриран најцрниот дневен биланс на новозаразени со коронавирус, откако медицинските власти потврдија 13.634 нови случаи на инфекцијата, што е најголем број на нови инфекции од почетокот на пандемијата, објавено е денеска во Москва. Со овие најнови податоци вкупниот број на потврдени случаи во земјата достигна 1.298.718. Во последното деноноќие од Ковид-19 умреле 149 лица , а од почетокот на пандемијата им вкупно 22.597 смртни случаи, наведува Тасс. Русија се наоѓа на четвртото место во светот според бројот на потврдени случаи на коронавирус, веднаш зад САД, Индија и Бразил. Текстот Русија со рекордни 13.600 новозаразени во еден ден е превземен од А1он .

Scroll to Top