Рускиот патријарх во карантин

пред 4 години

Патријархот Московски и на цела Русија Кирил соопшти дека е во карантин по контакт со лице заразено со коронавирусот.

Рускиот патријарх поради тоа ја откажа традиционалната посета на Троице-Сергиева Лавра.

– Со длабоко жалење сакам да ве известам дека овој пат не можам да ја споделам радоста на молитвата со вас. Причината за ова е мојот неодамнешен контакт со лице на кое му е дијагностициран коронавирус, наведе патријархот во пораката до Братството на Троице-Сергиева Лавра објавена на интернет страницата на Руската православна црква.

Scroll to Top