САД го добија новиот државен секретар

пред 3 години

Ентони Блинкен стапи на функцијата државен секретар на САД. Тој вети дека ќе ги подобри односите со глобалните партнери и ќе му покаже на светот дека Соединетите држави можат да играат водечка улога, истовремено решавајќи го проблемот со климатските промени, распадот на демократијата и други сложени прашања.

Мал број на вработени, ограничен поради мерките против коронавирусот, го поздравија Блинкен со аплауз.

„ Светот во моментов внимателно нè следи, сакајќи да знае дали можеме да ја лекуваме нашата нација, дали можеме да водиме со пример и дали ќе можеме да се соочиме со големите предизвици на нашето време преку дипломатски односи со нашите сојузници и партнери“, рече Блинкин.

Меѓу тие предизвици, тој ги вклучи пандемијата на коронавирусот, климатските промени, глобалната економија, заканите по демократијата, борбата за расна еднаквост и правда и опасноста по безбедноста и глобалната стабилност што доаѓаат од противниците. Новиот државен секретар не одговори на прашањето на новинарите кој предизвик го смета за најприоритетен.

Блинкен рече дека Стејт Департментот мора да работи на воспоставување обединет фронт со сојузниците за надминување на предизвиците.

Тој е дипломат со долгогодишно искуство, служеше како заменик државен секретар за време на владеењето на Барак Обама.

Предлогот на Бајден, Блинкен да биде назначен за државен секретар, беше потврден вчера од Сенатот со 78 гласа „за“ и 22 „против“.

Scroll to Top