САД со прва реакција за апсењето шпиони во Бугарија кои работеле за Русија

пред 3 години

„Бугарија е пријателска земја, сојузник во НАТО и партнер. Ние внимателно ја следиме истрагата за обвинувањата за шпионажа во корист на Русија. САД силно го поддржуваат суверенитетот на Бугарија и стојат покрај Бугарите против овие злонамерни активности на нивна територија“. Тоа го наведе на Твитер портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс.

Бугарското Обвинителството соопшти вчера дека се приведени сегашни и поранешни воени лица, како и жена со бугарско и руско државјанство кои биле дел од групата што шпионирала за Русија.

Групата доставувала доверливи информации од воена и високотехнолошка природа на вработен во руската Амбасада.

Министерот за одбрана Красимир Каракачанов појасни дека собирале информации за модернизација на армијата, а меѓу нив има и двајца вработени во министерството.

Руската амбасада вчера реагираше со соопштение на својата страница на Фејсбук, во кое се наведува дека има очигледни „непрекинати“ обиди да се вметне клин во руско-бугарскиот дијалог и уште еднаш да се демонизира руската страна.

Scroll to Top