САД со специјални мерки ќе ги заштитуваат од напади своите граѓани од азиско потекло

пред 3 години

Администрацијата на претседателот Џо Бајден е загрижена од бранот насилства против азиското население во САД и презема мерки за негово спречување.

Како што соопштија денеска од Белата куќа, планирана е програма за помош на настраданите во висина од 49.5 милиони долари, средствата ќе дојдат од парите издвоени за борба со пандемијата.

Се соопштува дека Министерството за правда посебно внимание посветува на проблемите поврзани со зголемениот број злодела засновани на омраза кон Американците со азиско потекло.

-Не треба молчешкум да го гледаме напливот на насилство во однос на Американците со азиско потекло. Тоа е неправилно, тоа не е американски и треба да престане, напиша Бајден на Твитер,

На почетокот на месецов како резултат на пукање во Атланта загинаа осум лица, меѓу кои и шест жени со азиско потекло.

Инцидентот предизвика тревога во редовите на азиско-американската заедница во САД, која известува за постојани напади засновани на омраза уште од март 2020 година, кога поранешниот претседател Доналд Трамп започна да го нарекува новиот коронавирус „кинески вирус“.

Во иницијативата на Бајден се предвидуваат 49.5 милиони долари помош за жртвите на домашното насилство и сексуални напади, како и создавање на нова работна група за борба со ксенофобијата кон луѓето од азиско потекло во областа на здравството.

Исто така, министерството планира да ги засили напорите за почитување на законите за злосторства засновани на омраза и собирање податоци за злосторствата зассновани на расизам.

Scroll to Top