Светската индустрија за храна е одговорна за една третина од штетните гасови

пред 3 години

Во истражувањето објавено во списанието „Нејчр фуд“ (Nature Food) се истакнува дека една-третина од штетните гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина потекнуваат од производството, пакувањето, дистрибуцијата и уништување на отпадот од храната за човекот.

Исто така до зголемување на штетните гасови придонесува и проширувањето на земјоделското земјиште и уништувањето на шумите.

Во студијата се посочува дека е потребна трансформација на системите за храна, што би довело до поефикасно намалување на емисиите н а штетни гасови.

Емисиите на штетни гасови од производството на храна се регистрирани од 1990 до 2015 година, додека во новите пресметки се вклучени и подготовката на храна и отстранување на отпадот од истата.

Емисиите на штетни гасови, што предизвикуваат ефект на стаклена градина од системот за храна во 2015 година изнесуваче 34 отсто од вкупните штетни гасови, а околу половина од нив се јагледрод диоксид, произведен при обработка на земјиштето, пакувањето , транспортот и претаботката на храна.

Додека една-третина од емисиите се метан, кој потекнува главно од сточарството, но и од производството на ориз и друго.

Додека останатиот дел се од азотен оксид што потекнува од земјоделските ѓубрива.

Во студијата се посочуваат и земјите кои емитуваат најмногу штетни гасови од системот за храна. На прво место е Кина (со 13,5 отсто), потоа следат Индонезија (8,8), САД (8,2), Бразил (7,4) и земјите-членки на Европска Унија (6,7) и Индија (6,3 проценти).

Обединети нации неодамна објавија дека во 2019 година 17 проценти од достапната храна во светот односно речиси една милијарда тони храна била фрлена од домаќинствата, продавниците и институциите.

Scroll to Top