Седуммина загинати во пожар во дом за стари лица во Сибир

пред 3 години

Седум лица загинаа во пожар во дом за стари лица во Сибир, соопштија локалните власти.

Пожарот избувнал во приватен дом за стари лица во регионот Тјумен во западен Сибир, а полицијата го уапсила сопственикот на домот под обвинение за кршење на безбедносните прописи.

Локалните власти соопштија дека објектот каде се случила несреќата не бил регистриран за таа намена.

Scroll to Top