Секретарот на Светата столица: Трамп сака да го искористи папата Франциско

пред 4 години

Државниот секретар за односи со Светата столица и надбискуп Пол Ричард Галагер ја обвини администрацијата на американскиот лидер Доналд Трамп дека сака да го искористи папата Франциско.

Според Галагер, администрацијата на Трамп тоа го прави со организирање симпозиум за верска слобода за време на посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео на Рим.

Галагер потврдно одговори на прашањето на „Анса“ дали организирањето симпозиум за верски слободи во американската амбасада во Ватикан претставува експлоатација на папата во последната фаза од американската претседателска кампања.

„Да, токму затоа папата нема да се сретне со американскиот државен секретар Мајк Помпео“, рече Галагер.

За време на посетата Помпео разговараше со италијанскиот премиер Џузепе Конте, а ќе се сретне и со министерот за надворешни работи Луиџи ди Мајо и со државниот секретар на Ватикан Пјетро Паролин, но не и со папата Франциско.

Неименувани извори од Ватикан изјавија дека состанокот со толку висок функционер од администрацијата на Трамп ќе биде несоодветен поради ближењето на изборите.

Scroll to Top