Се вакцинираше претседателот на Кипар

пред 3 години

На вториот ден од вакцинацијата на Кипар, рано утрово вакцината против Ковид-19 ја прими претседателот на државата Никос Анастасиадис, со што воедно е и првиот кипарски политичар кој што се вакцинираше.

-Подарокот на научната заедница, вакцината против Ковид-19, ни дава не само надеж, туку и право на живот. Сепак, постои растојание до конечната победа. Затоа апелирам до сите: Уште малку трпеливост и ќе успееме, напиша кипарскиот претседател на неговиот официјален „Твитер“ профил.

Во саботата на Кипар пристигна првата пратка вакцини од Фајзер/БиоНТек, а вакцинацијата започна вчера.

Двајца повозрасни граѓани згрижени во дом за стари лица и директорот на домот беа првите кои ја примија вакцината на Кипар.

Од почетокот на пандемијата во земјата се регистрирани вкупно 19.657 случаи на Ковид-19, а починаа 112 лица

Scroll to Top