СЗО: Вакцини од програмата КОВАКС испратени во 190 земји

пред 3 години

Женева, 1 февруари 2021 (МИА) – Вакцини од програмата Ковакс на Светската здравствена организација (СЗО) изминатиот викенд беа испратени во значителен број во 190 земји низ светот, информира денеска Брус Ајлвард, висок советник во СЗО.

Марианџела Симао, помошник на генералниот директор на СЗО, изјави дека очекува производителите на вакцини да ги достават своите проекции за бројот на вакцини што ќе бидат достапни во февруари и март.

Таа за време на видео состанок во Женева рече дека крајните количини сепак можат да бидат помалку од очекуваните, поради неодамнешното намалување на производството.

Scroll to Top