СЗО го одложи објавувањето на извештајот за потеклото на коронавирусот

пред 3 години

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека извештајот на нејзините експерти кои го истражуваа потеклото на коронавирусот во Кина, најверојатно ќе биде објавен следната недела.

Портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмаер, во вторникот на прес-конференција во Женева изјави дека извештајот сè уште не е подготвен и дека членовите на тимот на СЗО кои работеле со кинески официјални лица на изготвувањето, сакале да го сторат тоа на вистински начин.

Претходно, СЗО планираше да објави пократка и подоцна подолга верзија на извештајот, но се откажаа од тоа, така што ќе биде објавен еден документ.

Лидерот на тимот на СЗО Петер Бен Ембарек на почетокот на овој месец објави дека извештајот ќе биде објавен на 15 март.

Scroll to Top