СЗО: Новиот вид коронавирус не е вон контрола

пред 3 години

Новиот вид на коронавирусот откриен во Велика Британија, што брзо се шири, не е вон контрола, соопшти денеска Светска здравствена организација, откако британскиот министер за здравство Мет Хенкок вчера изјави дека новиот, мутиран тип на вирусот, кој наводно има поголема способност за заразување, е „надвор од контрола“ во земјата.

– Имавме фактор РО (стапка на репродукција на вирусот) многу поголем од 1,5 во разни моменти во оваа пандемија и ја совладавме. Според тоа, оваа ситуација во таа смисла не е вон контрола, изјави директорот за итни здравствени ситуации при СЗО, Мајкл Рајан.

Рајан повика да се преименуваат досегашните проверени мерки.

– Мерките што во моментот постојат се добри. Треба да продолжиме да го правиме тоа што го правевме досега. Можно е да биде потребно поинтензивно и подолго време да работиме за да се осигураме дека можеме да го совладаме овој вирус, истакна Рајан.

Голем број држави од вчера ги затворија границите со Велика Британија и со Јужна Африка поради појавата на новиот вид на коронавирусот, со цел да се избегне негово ширење.

Scroll to Top