Синот на ерменскиот премиер се пријави како доброволец за фронтот во Нагорно Карабах

пред 4 години

Ашот Пашинјан, синот на ерменскиот премиер Никола Пашинјан, доброволно се пријави во армијата, за да оди на фронтот и да учествува во судирите против азербејџанските сили околу Нагорно Карабах. „Доброволно ѝ се приклучив на армијата“, објави на социјалните мрежи Ашот Пашинијан, кој ова лето, непосредно пред да почнат последните непријателства, беше преместен од Нагорно Карабах, каде дотогаш служеше. „Мои браќа по оружје, мои пријатели, сега е нашиот ред да ѝ се оддолжиме на нашата земја“, рече синот на премиерот на Ерменија. Неговата најава уследи откако премиерот Никол Пашинјан денеска ги повика војниците кои беа демобилизирани оваа година да се вратат во армијата поради ескалацијата на ситуацијата во Нагорно Карабах, област во Азербејџан со ерменско мнозинство население. Текстот Синот на ерменскиот премиер се пријави како доброволец за фронтот во Нагорно Карабах е превземен од А1он .

Scroll to Top