Си-ен-ен: Руски ракети предизвикале тревога во американска база во Германија

пред 3 години

Во американска база во Германија се огласил алармот за тревога за време на воени вежби во Русија, пренесува Си-ен-ен, повикувајќи се на неименувани извори во американската армија.

Како што се наведува, сирената за аларм се огласила во најголемата американска база во Европа, „Рамштајн“, како предупредување дека е испукана балистичка ракета.

Неизвесноста владеела неколку минути, сè додека не се слушнал сигналот за крај на алармот.

Според првичните информации, алармот бил вклучен откако набљудувачките сателити на САД забележале ракетно лансирање во моментот кога руските подморници во Охотското Море тестирале четири ракети.

На 12 декември, за прв пат истовремено беа лансирани четири балистички ракети „Булава“ од нуклеарната подморница „Владимир Мономах“ на руската пацифичка флота.

Scroll to Top